fbpx

Продажните цени на индустриските производи, пониски за 3,8 проценти од лани

-

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јули годинава се пониски за 1,2 отсто на месечно ниво, а за 3,8 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јули 2015 година, во споредба со минатогодишниот јуни, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 2,5 проценти, во секторот преработувачка индустрија за 1,1 процент и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 отсто.

Во јули годинава, во споредба со јули 2014 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 0,6 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,2 отсто, а се пониски во секторот преработувачка индустрија за 4,6 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...