fbpx

Приватноста не смее да биде луксуз кој се нуди само на оние кои можат да си го дозволат

-

Privacy International, со поддршка од повеќе од 50 организации од целиот свет, објави отворено писмо до Sundar Pichai, Извршен директор на Alphabet Inc., мајка фирма на Google со кое бара од Google да преземе мерки против користењето на претходно инсталираните апликации на паметните телефони кои користат Android. Преку оваа иницијатива се испраќа предупредување но и се повикува на акција од страна на производителите на паметни телефони кои го ставаат профитот пред приватноста на корисниците со тоа што инсталираат апликации на уредите со ниска пазарна цена.

Фондацијата „Метаморфозис“ се приклучи кон иницијативата на Privacy International против експлоатирачкото користење на претходно инсталираните апликации на паметните телефони кои користат Android.

Барањето до Google е јасно, да се преиспитаат супстандардните поставки за приватност и сигурност кои се вградени во паметните телефони со ниска пазарна цена, а кои се однесуваат на претходно инсталираните апликации кои што корисниците немаат можност да ги избришат и кои што можат да ја компромитираат нивната приватност. Препораките се однесуваат на обезбедување на:

  • можност за корисниците самите трајно да ги избришат претходно инсталираните апликации како и сите позадински активни сервиси
  • истите можности за контрола на сигурноста и приватноста на претходно инсталираните апликации како оние апликации кои се достапни на Google Play Store apps
  • Исти можности за up-date, по можност преку користењето на механизмите за up-date на Google Play и без користење на кориснички профил.

Дополнително, се препорачува Google да одбива да врши сертифицирање на паметните телефони чии што производители или продавачи се обидуваат да ја компромитираат приватноста на корисниците преку претходно инсталирани апликации.

Целосната содржина на писмото може да се најде на следниот линк https://action.privacyinternational.org/node/9.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...