fbpx

За Водици ќе има изменет сообраќаен режим

-

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром и населбата Хром поради верскиот празник Водици на 19 јануари недела.

„Во периодот од 10 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Филип Втори Македонски“ до булеварот „Гоце Делчев“ и Кеј “13-ти Ноември“ до булеварот “Кочо Рацин“. Во општината Ѓорче Петров од 10 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле“, десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче“, се вели во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...