fbpx

Презентирана новата Стратегија за реформа на јавната администрација

Според министерот Алиу, приоритетните цели, деполитизирана и професионална јавна администрација и воспоставувањето на кохерентен систем на плати и реорганизации ќе придонесат кон постигнување на визијата на Стратегијата

-

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со СИГМА денеска го организираше настанот „Современа, ефикасна и дигитализирана јавна администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“, на кој беше презентирана новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023-2030).

Претставен беше и процесот на изработка и механизмите за имплементирање и следење, како и клучните цели и приоритети до 2030 година по приоритетни области.

Премиерот Димитар Ковачевски на настанот истакна дека пред граѓаните се презентира готов документ за реформа на администрацијата, со прецизни насоки за реформските зафати и конечно обезбедување на современа, ефикасна и дигитализирана јавна администрација според европските пракси и регулативи.

„Ова е конкретен доказ дека ние активно дејствуваме за Северна Македонија во Европската Унија. Нашата заложба е македонските граѓани да имаат квалитет на живот според европските стандарди – дома. Да ја имаат Европа – дома“, рече премиерот Ковачевски.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу рече дека Стратегијата била подготвувана низ транспарентен и консултативен процес со вклучување на сите засегнати страни. Според него, приоритетните цели, деполитизирана и професионална јавна администрација, и следствено на тоа – воспоставувањето на кохерентен систем на плати и реорганизации и оптимизирани институции со зајакнат интегритет ќе придонесат кон постигнување на визијата на Стратегијата.

„Ова подразбира финализирање на предлозите на законските решенија, што претставуваат правна основа за да се оди понатаму. Граѓаните мора да имаат доверба во администрацијата и во институциите и да почувствуваат дека истите постојат и работат за нив и за нивните барања. Во делот на дигиталната трансформација, може да се види унапредување, но важно е да се овозможи и унапреди простор администрацијата да работи во средина со дигитални можности и да биде оспособена да ги применува, со што ќе се постигне и зголемен квалитет на услугите кон граѓаните и бизнис заедницата“, рече министерот Алиу.

Обраќања на настанот имаа и евроамбасадорот Дејвид Гир, шефот на програмата СИГМА/ОЕЦД Грегор Вирант и Маја Ханџиска Трендафилова, директор на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...