Претставници на СДСМ на средба со граѓаните на Виница, Чешиново и Облешево, Зрновци и на Кочани

-

Претставници на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, предводени од пратеничката Јагода Шахпаска, ги посетија Виница, Чешиново и Облешево, Зрновци, Кочани во рамките на своите редовни посети низ источниот регион на Македонија.

Како што соопштуваат од СДЦМ, во Виница граѓаните се пожалиле на лоши услови за работа, дека се кршат работнички права, голем број фирми не исплаќаат К-15, како и за тоа дека се работи прекувремено и за празници.

„Граѓаните во Кочани велат дека кредитите и субвенциите за самовработување се делат на луѓе блиски до тесната група на власт. Жителите на Зрновци разочарано коментираа дека еднократната парична помош се злоупотребува предизборно, а дека до неа речиси и да не може да се дојде кога тоа им е потребно на засегнатите граѓани“, стои во соопштението од партијата.

На непосредните средби со граѓаните, претставниците на Комисијата за труд и социјална политика ги презентирале мерките на СДСМ за стабилни социјални политики.

„Се забележуваат и конкретните проблеми што ги имаат граѓаните, автентични за средината во која живеат, за заедно со граѓаните да се утврдат соодветни решенија за нивно надминување“, стои во соопштението, во кое се додава дека во следниот период Комисијата за труд и социјална политика ќе ги посети граѓаните од западниот регион на државата.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...