Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на Обединетите нации

Претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на Илинден пред „Македониум“ во Крушево. Фото: Кабинет на претседателот, 2 август 2021

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.

Обраќањето на претседателот Пендаровски е предвидено на сесијата што ќе трае од 15 до 20:45 часот по средноевропско време и ќе може да се проследи во живо на веб-телевизијата на Обединетите нации http://webtv.un.org

Доцна вечерва по средноевропско време претседателот Пендаровски ќе има средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.