Претседателот Иванов ќе учествува на конгресот на Паневропската унија во Виена

Претседателот Ѓорге Иванов ќе престојува во работна посета на Австрија, по повод учеството на конгресот на Паневропската унија, што се одржува во Виена од денеска до 10 октомври.

Во рамки на учеството на конгресот на Паневропската унија, претседателот Иванов ќе има свое обраќање на панел-дискусијата посветена на проширувањето на Европската Унија. Конгресот во организација на Меѓународната паневропска унија, е по повод 90. јубилеј од првиот Паневропски конгрес одржан во 1926 година.

Меѓународната Паневропска унија се смета за најстаро европско обединувачко движење, основано од Ричард Куденхове Калерги, а нејзините членови се залагаат за политички и за економски обединета Европа.

Во рамки на работната посета на Австрија, претседателот Иванов ќе оствари средба со поранешниот претседател на Австрија, Ханјц Фишер.