fbpx

Престижниот „Монокл“ смета дека владите на Груевски се несериозни

-

Престижниот британски магазин „Монокл“ пишува дека Македонија е хаотична земја и дека предвремените парламентарни избори се одложиле поради низа скандали, а дека на Македонија конечно ѝ треба сериозна влада.

Во текстот кој е објавен во јунскиот број, се вели дека изборите ќе се одржат на 5 јуни, а во делот за кандидати пишува дека опозицијата ќе ги бојкотира изборите, како и дека доколку тоа се случи, власта неизбежно ќе се врати кај ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.

„Проблеми: Овие предвремени избори беа закажани за април и беа наменети да се ресетира политичката состојба во земјата по неколкумесечни скандали – но беа одложени поради уште повеќе скандали. На Македонија одамна ѝ треба сериозна влада“, пишува „Монокл“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...