fbpx

Премиерот денеска ќе одржи средба со Мицкоски по барање на опозицијата

-

Премиерот Димитар Ковачевски го прифати барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за средба, која што ќе се одржи денеска од 16 часот во Владата на Република Северна Македонија, информираат од владината прес-служба.

Ковачевски и Мицкоски ќе бидат придружувани од своите економски тимови, а главната тема на разговорите ќе биде енергетската криза.

Опозиционерот Мицкоски тврди дека има контакти со компании од Германија, Швајцарија и Чешка, коишто се подготвени да преговараат со македонските власти за продажба на гас.

Инаку, директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски јавно побара од Христијан Мицкоски најдоцна до утре да го достави списокот со фирми кои ги нуди лидерот на ВМРО ДПМНЕ за справување со енергетската криза. Од АД ЕСМ велат дека секоја понуда во  насока на надминување на актуелната криза е добредојдена, но фирмите мора да ги исполнат сите барања како и во редовна постапка на јавните набавки на вакви енергенси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...