fbpx

Прекинати мировните преговори во Колумбија

-

Мировните преговори со Револуционерните вооружени сили на Колумбија во Хавана се суспендирани од колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос. Преговорите почнаа по грабнувањето на воениот генерал, со што се доведени во прашање напорите за крај на 50-годишната војна.

Генералот Рубен Дариј Алсате, кој е командант на новофоримираните специјални сили „Титан“, вчера беше грабнат од припадници на силите, заедно со уште еден воен службеник и со еден цивил.

Како што потврди колумбискиот министер за одбрана Хуан Карлос Пинсон, Алсате бил грабнат по излегување од брод на река во близина на градот Куибдо. Од Револуционерните вооружени сили на Колумбија не го коментираа грабнувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...