fbpx

Пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ се скараа уште на првата заедничка седница

-

Уште на првото учество на пратеничката група на СДСМ во Собранието, пратениците се скараа на пленарна седница. Откако го изгласаа дополнувањето на дневниот ред, за кој пратеникот Амди Бајрам цело време гласаше против, а со кој беа додадени точките за именување на потпретседател на Собранието и на членови на работните тела, збор зеде Горан Сугаревски, координаторот на СДСМ.

Додека Сугаревски зборуваше за тоа со која цел СДСМ и нивните коалициони партнери се вратиле во Собранието, пратениците од власта го исвиркуваа. Претседателот на Собранието неколкупати ги повика да се смират.

– Нашата пратеничка група влезе во Собранието за да се спроведе Договорот од Пржино, кој треба да донесе подобар живот за граѓаните и да создаде услови за фер и демократски избори. Сакаме да кажеме дека најцврсто ќе се држиме до спроведување на Договорот. По криминалните избори, чии резултати не ги признаваме, и насилната верификација на мандатите и по неконстатирањето на оставките, конечно има изгледи за подобри услови за живот на граѓаните. Кулминација на сето тоа беше објавувањето на „бомбите“ во кои имаше индиции за бројни и сериозни кривични дела од власта. Ние тука во Собранието треба да го изгласаме законот за специјалниот јавен обвинител, кој ќе ги истражува „бомбите“ и ќе донесе нов предизвик за државата конечно да тргне напред. Ако не успееме да го завршиме ова, ќе биде само продолжување на оваа агонија. Ние покажавме добра волја и подготвеност, а го очекувам истото од сите пратеници – изјави Сугаревски од собраниската говорница.

Како реакција на говорот на координаторот на СДСМ, Вељаноски рече дека го разбира Сугаревски затоа што морал да им објасни на граѓаните зошто досега не доаѓале на седници и не си ја извршувале должноста.

За збор се јави и пратеникот Џевад Адеми од ДУИ, кој ѝ посака добредојде на пратеничката група на СДСМ.

– Добродојдовте колеги, ни недостигавте, здодевно ни беше. Ние сме подготвени за дебата, соработка и за заемно почитување. ДУИ ви гарантира одлична соработка и имплемнтација на Договорот – рече Адеми.

Последен за збор се јави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека Сугаревски грубо го прекршил деловникот и побара пауза од половина час.

По паузата пратениците ќе продолжат со работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...