fbpx

Пожарите на Хаваи не се предизвикани со ласерско оружје

Откако изби пожарот на Хаваите, бројни теоретичари на заговори почнаа да ја шират приказната дека тие биле наводно предизвикани од ласерско оружје. За таа цел беа споделувани неповрзани фотографии, стари видеоматеријали со цел фабрикација на невистинитата приказна, но вистината е дека причината за пожарот не е утврдена

-

Вистиномер го пронајде делот од видеото споделено во оваа објава на Фејсбук, за кое се тврди дека наводно е од Хаваи и од пожарите во август, но тоа е објавено на кинески на твитер профил уште во мај 2023 година, кога на Хаваи немаше пожари. Теоретичарите на заговори се разжестија со нови идеи по избувнувањето на пожарите на Хаваи и нивниот обид да ја залажат јавноста стана предмет на анализи на познати светските медиуми, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:

11.08.2023 
Хаваи, 
Лихана, Мауи.  
Употребено ласерско оружје. 
53 мртви,1500 згради уништено.

Во склоп на објавата има и видеоматеријал со три кадри, на едниот се гледа некаква експлозија, на вториот пожар, а на третиот густ чад. Сите три снимки се од авион, односно од височина. Во објавата има и текст од ktla.com со наднаслов: „Астрономите велат дека кинески сателит зрачи зелени зраци над Хавајските острови“. Но, ниту кадрите во видеото, ниту текстот не докажуваат никаква употреба на ласерско оружје во Хаваи.

Ласерите за кои се зборува во текстот (кои испуштаат зелени зраци), всушност доаѓале од кинески сателит. Настанот е од почетокот на 2023 година, а не од август, кога, всушност, во Хаваи има големи шумски пожари во кои животот го загубија 80 лица, а се очекува бројката да расте.

Станува збор за кинески сателит кој, меѓу другото го мери нивото на загадувањето. Има многу различни инструменти на него… Топографско мапирање и се користат за мерења во атмосферата, на Земјата, станува збор за сателит за мерења во животната средина, извести професорот Рој Гал од Универзитетот при Хавајскиот институт за астрономија.

На островот Мауи каде што избија пожарите, има стотици луѓе кои уште не се контактирани, а пожарникарите се обидуваат да ги изгаснат пламените јазици на повеќе локации, вклучително и во историскиот град Лихана кој беше целосно пеплосан, извести Би Би Си на 12 август 2023. Властите на Хаваи најавија дека ќе има ревизија за тоа дали правилно и навремено е постапено во гаснењето на пожарите. Се поставува прашањето дали властите ги предупредиле жителите доволно брзо. Властите предупредија дека ќе бидат потребни многу години за да се санираат штетите предизвикани од пожарот на островот Мауи. Повеќе од илјада згради се уништени само во Лихаина.

Големата штета предизвика огромно економско уништување, зашто локалното население главно живее од услугите што ги дава во областа на туризмот. Пожарот на Хаваи почна во вторникот вечерта. Причината уште не е позната, но откако отпочна, сушата и ураганските ветрови помогнаа да се разгори огнот.

Откако изби пожарот на Хаваите, бројни теоретичари на заговори почнаа да ја шират приказната дека тие биле наводно предизвикани од ласерско оружје. За таа цел беа споделувани неповрзани фотографии, стари видеоматеријали со цел фабрикација на невистинитата приказна, но вистината е дека причината за пожарот не е утврдена, а сигурно е дека не е предизвикан од ласерско оружје.

Форбс ја забележува намерата да се користи оваа катастрофа за ширење на теории на заговор во својот најнов текст со наслов: „Теоретичарите на заговори тврдат дека ласери од вселената се виновни за пожарот во Хаваи”.

Да бидеме јасни, нема апсолутно ниеден доказ дека ласери од вселената се виновни за пожарите во Мауи кои уништија најмалку илјада живеалишта и предизвикаа масовни евакуации. Но, тоа не ги спречи корисниците на таканаречени верификувани сметки на Твитер, од нивното инсистирање дека стари фотографии, всушност, прикажуваат ласерски зраци кои се насочени кон Хаваи, пишува Форбс во својата анализа.

Вистиномер го пронајде делот од видеото од објавата што ја рецензираме, за кое наводно се тврди дека е од Хаваи и од пожарите во август, но тоа е објавено на кинески на твитер профил уште во мај 2023 година, кога немаше пожари на Хаваите.

Поради сите горенаведени факти, оваа објава на Фејсбук ја оценуваме како невистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...