fbpx

Повисока плата за администрацијата – популизам или успешна политика?

-

Октомвриската плата за вработените во јавната администрација ќе биде зголемена за четири проценти, а според висината на платата, тоа ќе изнесува од 600 до 1.600 денари повеќе.

На пример, ако еден вработен во администрација земал плата од 18.000 денари, со зголемувањето, за октомври, личниот доход ќе му изнесува 18.720 денари или 720 денари повеќе.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, кога ја најави мерката, изјави дека и покрај предизвиците што се случуваат на економски план во регионот и во светот, Владата успеала да ги зголеми платите и пензиите.

Според лидерот на синдикатите (ССМ), Живко Митревски, зголемувањето на платите на административците ќе придонесе да се зголеми потрошувачката, што ќе влијае и на порастот на економијата.

– Зголемувањето на платите во администрацијата, од една страна, ќе овозможи справување со кризата, а од друга страна, ќе овозможи подобрување на животниот стандард. Генерално, тоа ќе значи и зголемување на јавната потрошувачка, а со тоа и зголемување на вкупната економија – тврди Митревски за македонските медиуми.

Домашните експерти, пак, се поделени околу тоа што значи ова зголемување и тоа дали се работи за популизам или за реална и исплатлива мерка.

– Секое зголемување на платата значи поголема мотивација, поголема мотивираност. Парите се најголема мотивација, па оттаму овде имаме една поддршка и поттик за еден слој од општеството кој е многу значаен. Мора да имаме предвид дека се напуштаат оние сфаќања дека администрацијата е бирократизиран дел кој нема функција, туку дека е товар во општеството. Современите трендови докажуваат дека администрацијата е таа која продуцира услуги и дава подобар квалитет на живеење и со самото тоа таа заслужува подобро место во опшеството. Се работо за едуцирани и способни поединци, кои со своето знаење придонесуваат во функционирањето на бројни системи и оттаму подршката што ја добиваат преку зголемување на платите значи компензација на трудот и поголема мотивираност да се подобри квалитетот на нивната работа – вели Јован Пејковски, универзитетски професор, за порталот „Лидер“.

Освен платите во администрацијата, догодина во септември пет отсто зголемување ќе добијат и пензионерите, а за исто толку во јуни ќе пораснат и социјалните примања. Зголемување од јануари идната година ќе има и кај минималната плата. Најнискиот износ што ќе смеат да го исплатат работодавците ќе порасне од 8.800 на 9.590 денари.

Професор Здравко Савески од Левичарското движење „Солидарност“ за „Радио Слободна Европа“ вели дека зголемувањето од 4 проценти на платата вообичаено се смета за корекција, која држи чекор со стапката на инфлација.

– Во Македонија, сепак, Владата не го претставува тоа така, туку го претставува како свој голем успех. Кој било административец што ќе пресмета колку во денари изнесува тоа зголемување од четири отсто ќе забележи дека тоа не е воопшто големо и дека ако ја спореди својата денешна реална плата со таа пред неколку години, ќе забележи дека фактички не е ниту држење чекор со инфлацијата, а камо ли да зборуваме за вистинско зголемување на реалната плата на административците – вели Савески.

Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека во Македонија, како увозно зависна земја, секоја година има тренд на зголемување на малопродажните цени, при што животниот стандард на еден просечен граѓанин е сè поскап.

– Ако се земе предвид и зголемувањето на цените, маргинално е зголемувањето на платата на просечниот граѓанин. Мислам дека ова се популистички мерки – вели Адеми за РСЕ.

Според него, треба да се направи голем напор за да се држат под контрола цените на потрошувачката.

Според владината програма, наредното зголемување на платите на јавната администрација ќе биде за пет проценти од септември нареднаата година.

Од јуни 2015 година, за 5 отсто предвидено е зголемување и на социјалните надоместоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...