fbpx

Повеќе закони на 31. седница на Собранието

-

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 31. седница, а на дневен ред се предлозите за изменување и за дополнување на Законот за заштита на децата, Законот за хартии од вредност, Законот за банки, Законот за парнична постапка, Законот за народен правобранител и на Законот за земојделство и рурален развој, сите во прво читање.

На оваа седница на дневен ред се и повеќе предлог-закони за изменување и за дополнување на закони за задолжување на Република Македонија кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за проектот за рехабилитација на источниот дел на железничката пруга на Коридорот 8 за делниците Куманово – Бељаковце и Бељаковце – Крива Паланка, за заем за проектот за набавка за нови влечни и влечени средства во МЖ „Транспорт“, за заем за финансирањње на програмата за национални патишта меѓу ЕБОР и ЈП за државни патишта и за заем за финансирање на проектот за рехабилитација на магистрални и регионални патишта меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и ЈП за државни патишта.

Во второ читање на оваа седница се предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за заштита на децата, дополнетите предлог-закони за изменување и за дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата, Законот за здравствена заштита, Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, Законот за снабдување со вода за пиење и одведување урбани отпадни води, Законот за облигационите и стварноправните односи во воздушниот сообраќај, како и пакетот закони во образованието.

Пред пратениците се и повеќе барања на автентични толкувања на членови од закони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...