fbpx

Повеќе од 240.000 жртви во војната во Сирија

-

Повеќе од 240.000 луѓе, вклучувајќи и 12.000 деца, загинале во војната во Сирија што почна во март 2011 година, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Според најновите податоци на оваа група за надзор со седиште во Лондон, во Сирија животот го загубиле 240.381 лице, што е за 10.000 повеќе во однос на податокот што го соопштија на 9 јуни.

Во конфликтот загинале 71.781 цивил, меѓу кои 11.964 деца, наведе Сириската опсерваторија.

Најмалку 88.616 припадници на режимските сили загинале, или една третина од вкупниот број настрадани.

Помеѓу загинатите 42.384 се бунтовници, 34.375 се странски борци, додека на 3.225 лица сè уште не им се знае идентитетот.

Граѓанската војна во Сирија почна пред повеќе од четири години со антивладини протести и со жестоки пресметки на власта со демонстрантите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...