fbpx

Порталб: Договорот за улицата „116“ во Тетово потпишан пред 4 месеци, работите никако да започнат

-

Поминаа повеќе од четири месеци откако беа издвоени 40.000 евра од тетовските даночни обврзници за реконструкција и асфалтирање на улицата „116“ и на некои споредни улички, но работите сè уште не се започнати. Иако од Општина Тетово велат дека „работите одат според планот“, нивниот план беше работите да започнат во март, а не се, пишува Порталб.мк.

Новинарот на Порталб.мк вчера беше на улицата „116“ за да провери дали работите за реконструкција и асфалтирање на овој пат се започнати овој месец, како што претходно беше ветено од Општина Тетово, и тоа уште од ноември.

Состојбата во оваа населба е мизерна, со многу дупки, а во некои делови улицата е речиси непроодна.

Зошто се смени планот на Општина Тетово?

Во ноември минатата година, од Општина Тетово соопштија дека нивниот план за улицата „116“ e работите за асфалтирање и реконструкција да започнат во март годинава.

„Планирано е работите да започнат во март, сега се спроведува програмата за инфраструктура“ изјавија од Општина Тетово на 24 ноември лани.

На крајот на март годинава, работите сè уште не се започнати, а општинските власти продолжуваат да инсистираат дека работите се одвиваат според планот, при што вината ја префрлаат на климатските услови.

„Постапката за јавна набавка е затворена. Договорот со економскиот оператор е потпишан. Со подобрувањето на климатските услови, работите ќе продолжат според планот. Станува збор за асфалтирање на улицата и некои споредни улички на улицата „116“, нагласија вчера од Општина Тетово.

 

Што вели договорот од 40.000 евра?

Според предметниот договор, објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, носителот на јавната набавка е должен да го заврши предметот на договорот, а тоа е реконструкција на патот, во рок од 60 дена од денот на започнување на работите, но притоа не е утврден временскиот рока за започнување на работите.

Договорот во износ од 2,5 милиони денари или 40.633 евра е склучен помеѓу Општина Тетово и компанијата Бе-Група.

 

Улицата 116 во Тетово, заборавена од 1991 година

Последен пат улицата „116“, во Тетово, е асфалтирана пред независноста на Македонија (1991 година), и во моментов се наоѓа во ужасна состојба.

Оваа улица е полна со дупки, оштетен асфалт што го оневозможува поминувањето на некои жители од населбата со возила. Фактот дека овој улицата е запуштена, го потврдува и ѓубрето што се наоѓа на секој агол од оваа населба.

Жителите на оваа населба во повеќе наврати барале од надлежните институции да ја регулираат истата, но нивните барања не биле земени во предвид. Во ноември минатата година, над 200 жители на населбата потпишаа барање со кое бараа од Општина Тетово итно да го реконструира патот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...