fbpx
Таг: реконструкција на улица

таг: реконструкција на улица

Мета факт: „Васко Карангелески“ – најкраткиот булевар со пробиени рокови и заборавени багери

Пред повеќе од две години, на 21 јули 2021 година, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, одржа прес-конференција на улицата „Васко Карангелески“, за да ги најави градежните работи за негова реконструкција и изградба на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада во скопската општина Аеродром. Вкупната вредност на проектот, како што рече Шилегов, е 71,6 милиони денари...

Булеварот „Цветан Димов“ со шест ленти ветен од Висар Ганиу и натаму останува блокирана артерија на Чаир

Проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ сè уште е предизвик за локалните власти и секојдневен проблем за граѓаните на Чаир, на кои поради гужвата во сообраќајот за да поминат еден километар пат им се потребни десетина минути, пишува Порталб.мк. Таканаречената улица „Кај Јахја Паша“ е една од најфреквентните улици во Чаир, и е главната артерија што ја поврзува оваа општина со центарот...

Улиците со дупки во Тетово, за кои информираше Порталб, ќе бидат санирани за 191.000 евра

Неколку дена по веста на Порталб.мк, во врска со дупките по улиците во Тетово, Општина Тетово објави на Електронскиот систем за јавни набавки договор од 191.000 евра со компанијата „Еуро инвест“ токму за пополнување на дупките. Иако градоначалничката Теута Арифи ова го ветува од 2013 година, ова се очекува да се реализира во следните денови, пишува Порталб.мк. Општина Тетово склучила...

Порталб: Договорот за улицата „116“ во Тетово потпишан пред 4 месеци, работите никако да започнат

Поминаа повеќе од четири месеци откако беа издвоени 40.000 евра од тетовските даночни обврзници за реконструкција и асфалтирање на улицата „116“ и на некои споредни улички, но работите сè уште не се започнати. Иако од Општина Тетово велат дека „работите одат според планот“, нивниот план беше работите да започнат во март, а не се, пишува Порталб.мк. Новинарот на Порталб.мк вчера...

Започнува реконструкцијата на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, екологистите бараат да се повлече одлуката за сечење на дрворедот

Започнуваат подготвителни активности за комплетна реконструкција на една од главните сообраќајни артерии на Охрид, улицата „Јане Сандански“ и тоа од крстосницата со булеварот „Туристичка“ до кружниот тек кај Болнички комплекс и замена на дотраената азбестна водоводна линија. „Деновиве ќе се изврши отстранување на старите и оштетени стебла од дрворедот на улицата. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна...

Порталб: Се реконструира само eдна населба во Teтово населена главно со студенти, другите во мизерна состојба

Студентската населба во Тетово, за која Порталб.мк информира редовно, конечно се реконструира. Станува збор за населба која е, главно, населена со студенти, бидејќи се наоѓа на пет минути од двата универзитета на овој град, пишува Порталб.мк. Студентите во Тетово живееја како во среден век, во населба со руинирана инфраструктура, отпадоци фрлени насекаде и како последица на лошите услови, на...

Порталб: Улица „116“ во Тетово ќе биде реконструирана во март 2021 година, ветува Општината

Општинските власти одговорија на веста што „Порталб.мк“ ја објави завчера за фактот дека иако Општина Тетово одвоила околу 2,5 милиони денари за реконструкција на улицата „116“, работите сè уште не се започнати, пишува Порталб.мк. Иако договорот објавен во системот за јавни набавки не споменува такво нешто, сепак работите ќе се вршат од третиот месец на следната година. „Се планира работите да...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...