fbpx

Помошта за Грција пред германските парламентарци

-

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбе денеска ги повика германските пратеници да го поддржат третиот пакет финансиска помош, велејќи дека иако нема гаранции за успех, сепак би било неодговорно на Грција да не и се даде шанса за нов старт.

Се очекува мнозинството пратеници да ја поддржат помошта во износ од 86 милијарди евра, иако канцеларката Ангела Меркел се соочува со бунт во сопствената партија.

Доколку значително малцинство од конзервативците на Меркел гласаат против пакетот, тоа ќе испрати предупредување до владата дека ова е последна шанса да се задржи во еврозоната.

Шојбе, кој застана зад Маркел и кој минатиот месец предлагаше „привремено излегување на Грција од еврозоната, пред парламентарците изјави дека ова е најдобриот пат кој треба да го следат земјите од овој монетарен блок.

– Секако, после искуството од минатата година и од изминатите месеци, нема гаранции дека ова ќе успее и нормално е да се има сомнежи. Но, имајќи предвид дека грчкиот парламент веќе ги помина поголемиот дел од мерките, ќе биде неодговорно да не се искористи можноста за нов стар на Грција – рече Шојбе во излагањето пред Бундестагот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...