fbpx

Полицајци од Словенија ќе помагаат на македонско-грчката граница

-

Шест словенечки полициски службеници денеска почнаа со работа на македонско-грчката граница, соопштија од Амбасадата на Словенија.

Како што пишува во соопштението, полицајците ќе ги извршуваат своите обврски заедно со македонската гранична полиција на подрачјето, кое го покрива полициската станица за гранични проверки и за граничен надзор Богородица.

„По потреба ќе им помагаат и на македонските колеги во процесот на регистрација на бегалците во привремениот транзитен центар Гевгелија. Во работата, покрај опремата и возилата, со кои вчера допатуваа од Словенија, ќе им помагаат и двете полициски кучиња Пан и Бојко. Словенија во рамки на своите можности, одговори на барањето на Македонија за материјална и за логистичка помош при справувањето со бегалската криза што го зафати регионот“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...