fbpx

Поетите читаа стихови во чест на А. Ден Долард

-

По повод роденденот на А. Ден Долард (7 февруари 1901 – 26 јуни 1994), КИЦ „Култура 365“ од Охрид, организираше поетска средба, на која се претставија поети од земјава и од соседството. Тоде Илиевски прочита песна посветена на холандскиот писател А. Ден Долард, а настапија уште и Жаклина Ристоска, Веле Митаноски, Маја Мојсова, Лидија Размоска, Мирко Томовски, Зорица Илиевска, Трифун Ѓоргиевски, Петко Шипинкаровски и Блага Печенковска.

Од Албанија за средбата допатува и песни посветени на Охрид читаше Арјан Калчо, познат поет од Корча и професор по италијански јазик.

Големиот холандски писател и пријател на Охрид и на Македонија, А. Ден Долард е авторот на делото „Свадбата на седумте Цигани“, прекрасна љубовна приказна со посебно внимание за Охрид и за околината, која се оценува како првата препорака и врска помеѓу Македонија и Охрид со Холандија, крунисана подоцна и со збратимување на Охрид и Катвајк, како и со многу мешани бракови.

Споменот за А. Ден Долард во Охрид се негува соодветно на неговиот придонес, како прв афирматор во светот на убавините на градот. На шеталиштето, покрај самиот езерски брег, е подигнат споменик на прославениот писател, постои Музеј на Долард, основан од писателот Мишо Јузмески, а во сореаботка со Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, подигнат е и Холандски парк, како континуитет на некогашниот Парк на лелето.

Холанѓаните и денеска, меѓу западните туристи, се најбројни посетители на Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.