fbpx

Почна пријавувањето за Школата за млади лидери во Охрид

-

Од денеска, заинтересираните кандидати од земјата и од светот можат да се пријавуваат на конкурсот за учество на Меѓународната школа за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 16 до 28 август во Охрид.

Годинава школата ќе биде под мотото „Инспирирање и развој на исклучителни млади лидери“. Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование, кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и на околината во која живеат и работат. Програмата ќе опфати и предавања и практични вежби со еминентни предавачи од земјава и од странство.

Наставата ќе се одвива на македонски и на англиски јазик.

Комплетната докумантација на лицата што сакаат да учествуваат треба да се испрати до 15 јуни на адресата на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...