Фото: Порталб

Четири дена по веста на Порталб.мк дека Општина Тетово ја „блокирала“ комисијата за булеварот „Благоја Тоска“, со покана од претседателот на општинскиот совет, Беким Мемети, денес оваа комисија излезе на терен за прв пат. Градоначалничката Арифи истакна дека се работи за случај за кој се води судска постапка, a после тоа ќе започнат активностите за отворање на трасата, пишува Порталб.мк.

Седумгодишното ветување на градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи почна да се конкретизира во последните месеци од нејзиниот втор мандат. Меѓутоа, отворањето на овој булевар налага уривање на неколку куќи, а со ова, не се задоволни сите.

Четири дена претходно Порталб.мк информираше дека Општина Тетово иако ја основала, сепак не ја ставила во функција, комисијата за „Благоја Тоска“, односно комисијата која беше задолжена за решавање на имотно – правните прашања со незадоволните странки.

Денес, советникот од редовите на Алијансата на Албанците (АА), Ариф Селами за Порталб.мк потврди дека излегле на терен заедно со двајца колеги, исто така членови на комисијава. Меѓутоа, Селами не сакаше да даде изјава додека комисијата не започне да дава резултати.

Кои се членовите на „Комисијата за булеварот„Благоја Тоска“?

Порталб.мк ја обезбеди одлуката за основање на оваа комисија, во која се наведени сите имиња што треба да излезат на терен и да ги решат конкретните спорови за отворањето на овој булевар, во оваа одлука исто така е потенцираат и должностите на комисијата.

Се работи за вкупно 7 членови, и тоа: Беким Мемети (ДУИ), Горан Јовановски (ВМРО-ДПМНЕ), Бесар Дурмиши (Движењето БЕСА), Ариф Селами (АА), Аднан Билали (ДПА), Живе Алексовски (СДСМ), Минире Адеми (ДУИ).

Арифи: Нема застој, во фаза сме на последните подготовки за да ја отвориме трасата

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи е убедена дека нема застој во постапката за отворањето на булеварот „Благоја Тоска“. Таа вели дека во моментов ги вршат последните подготовки за започнување на активностите за овој булевар:

Нема застој во постапката за отворањето на булеварот „Благоја Тоска“, ја заокруживме постапката на плаќање. Има еден случај за којшто сѐ уште се води судска постапка, од сите случаи само еден е во судска постапка. За едниот чекаме одговор од Државниот правобранител и тогаш ќе имаме чиста траса, значи ќе ја исчистиме трасата, во меѓувреме ги очекуваме и подготовките за започнување на работите

Владата ѝ додели на Општина Тетово над 30 милиони денари за овој булевар

Прво, на 26 ноември 2020 година, Владата ѝ додели на Општина Тетово 26,5 милиони денари за реконструкција на булеварот„Благоја Тоска“.

Тогаш, од општината за Порталб.мк рекоа дека средствата ќе ги искористат за експропријација на градбите што претставуваат пречка за отворањето на овој булевар.

„Со буџетскиот ребаланс, Владата на Северна Македонија додели 29,5 милиони денари за ова, тие средства ќе бидат искористени за експропријација на објектите“ рекоа од Општина Тетово.

Околу 1 месец подоцна, на 27 декември, Владата на РСМ повторно додели средства за булеварот„Благоја Тоска“во Тетово, овој пат околу 1 милиони денари, но овие средства ќе се искористат и за неколку други помали проекти.

Отворањето на овој булевар, градоначалничката на Тетово Теута Арифи го ветува уште од нејзиниот прв мандат, и тоа од 2013 година а сѐ уште не е реализирано. Порталб.мк неколку месеци порано го изготви „маратонот“ на седумгодишните ветувања на Теута Арифи за булеваров.

Изградбата на овој булевар претставува еден од најефикасните начини за олеснување на сообраќајот во Тетово.