fbpx

По шест дена протести два дена пауза, ќе се блокираат улици и патишта по еден час дневно

-

По шест дена протести против прифаќањето на Европскиот предлог за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, откако се случи меѓуетнички инцидент, вчера организаторите најавија дека ќе прават пауза од протестирање два дена. Како што најавија, протести нема денеска (петок 08.07.2022 г.) и утре (сабота 09.07.2022 г.) а ќе продолжат во недела. Во меѓувреме ќе блокираат повеќе улици и патишта по еден час дневно, од 13 до 14 часот.

Ова во својот говор за време на вчерашниот мирен протест го најави Ивица Боцевски, поранешен советник на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов и поранешен македонски амбасадор во Бразил.

„Утре ќе имаме блокади низ целата држава. Блокадите ќе почнат во 13 часот, ќе ја блокираме цела Македонија додека нашите храбри пратеници се борат во Собранието за нашите интереси за одбрана на македонскиот јазик, народ и држава“, посочи Боцевски.

Тој рече дека е против измената на Уставот и им порача на лидерите на политичките партии кои стојат зад протестите, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Апасиев од Левица, Љупчо Димовски од Социјалистичката партија и Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите, да нема промена на Уставот, односно вклучување на Бугарите, покрај сите останати народи во преамбулата на Уставот.

Инаку, од вкупно шест дена колку што се организираа протестите, на три наврати тие станаа насилни, а насилството кулминираше завчера, на 06.07 со меѓуетнички инцидент и истрели од огнено оружје при што немаше повредени.

Протестите започнаа на 2 јули, во сабота, при што таа вечер и следната, на 3 јули немаше инциденти ниту насилство. На 4 Јули, инаку Ден на независноста на САД, воедно и Ден на борецот, кој се одбележуваше во земјите од поранешна Југославија, откако повеќе политичари и корисници на социјалните мрежи повикаа на насилство, вечерта беше нападната полицијата и оштетена зградата на Собранието.

Следниот ден, на 5 јули, демонстрантите започнаа да се движат од зградата на Владата, преку Т.Ц. Мавровка и плоштадот „Скендербег“ на влезот на Старата скопска чаршија каде живее мнозинско албанско население, кон Министерството за надворешни работи и на крајот пред Собранието. При тоа, насилството беше присутно и таа ноќ, а имаше и провокации од страна на демонстрантите кон граѓаните и дуќанџиите во чаршијата. Истата ноќ демонстрантите повторно се судрија и со полицијата, која беше приморана да интервенира.

Следниот ден се случи кулминација на насилството, кога мала група Албанци и мала група Македонци кои беа меѓу демонстрантите се судрија вербално и физички. Еден од групата, инаку сопственик на хотел на влезот на чаршијата се закануваше со огнено оружје, и истрела неколку истрели во воздух. Потоа реагираше полицијата, го приведе лицето со огнено оружје и ги раздели групите. Денеска на ова лице му е изречен осумдневен притвор.

Вчера, четврток (07.07.2022 г.), организаторите на протестот најавија дека ја промениле маршрутата и веќе нема да се движат кон плоштадот „Скендербег“ и Министерството за надворешни работи. Наместо тоа, протестот се одвиваше од Владата, до Министерството за правда кое се наоѓа во строгиот центар на градот, па до зградата на Собранието. Протестот помина мирно, без провокации, без хулигани и насилници.

Денеска ќе има блокада на улицата пред зградата на Владата, а од 13 до 14 часот ќе се блокираат и патните правци Велес-Штип, Струмица- Радовиш и Прилеп кај Плетвар.

Во меѓувреме, се очекува во парламентот да почне расправата по Европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ, кој владата вчера го достави до собранието.

Инцидент помеѓу Македонци и Албанци во Скопје, повеќе истрели од огнено оружје

Владата ја проследи предлог-преговарачката рамка до Собранието, ВМРО-ДПМНЕ бара консензус за заклучоците

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...