fbpx

По 500 евра нè чини секоја засадена палма

-

Околу 500 евра по стебло платило претпријатието „Македонски шуми“ за палмите што деновиве се засадуваат низ градовите во Македонија, или вкупно околу 522.000 евра за 1.100 садници.

Палми од видот trachycarpus fortunei, односно влакнеста палма, чие стебло расте повеќе од четири метри, се засадени во Охрид, ПрилепДојран, и во Вевчани, а планирано е да се посадат и во други градови во земјава.

Палмите се набавени преку фирмата Друштво за производство, трговија и услуги „Россен центар ДООЕЛ експорт-импорт “од село Стримница, Желино.

Јавниот оглас за овие палми беше распишан минатата година, кога Јавното претпријатие побара „економскиот оператор кој ќе се пријави да достави сертификат за здравствена состојба на садниците или уверение за нивната здравствена состојба, декларација и земја на потеклото, школуваност на садниот материјал, како и контејнерот во кој се нуди бараната димензија“.

Кога се распиша огласот за набавка на палмите, Жарко Караџоски, директорот на „Македонски шуми“, изјави дека цената на овој вид палми се движи од 200 евра нагоре, а можат да преживеат и на минус 15 Целзиусови степени.

Планирано е палми да се посадат и во Скопје, во паркот Жена-борец.

Главниот град првпат доби палми во 2010 година, кога беше отворена Градската плажа и за околу десетина палми беа платени речиси 25.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...