fbpx

Медитерански палми ќе се садат во Охрид

-

По должината на шеталиштето на градскиот кеј, но и пред Центарот за обука на вода, денеска вработени во ЈП „Охридски комуналец“, заедно со екипа вработени од „Македонски шуми“, почнаа со засадувањето на вкупно 200 влакнести палми, високи од три до четири метри.

Со ова продолжила реализацијата на проектот на ЈП „Македонски шуми“ за градење на имиџот на Охрид, како град на палмите.

Со сила ќе го прават Охрид медитерански град, со овие палми и со плажите што ги најавија, главно, коментираат охриѓани.

Реализацијата на проектот за садење палми почна во ноември 2013 година.

Покрај во Охрид, палми ќе се садат и во Струга, Преспа, Дојран и во Гевгелија, односно вкупно 1.100 четириметарски влакнести палми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...