fbpx

Платил во кафеана со сувенир-долари

-

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишен охриѓанец поради основано сомневање дека фалсификувал пари, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот.

На 22 ноември минатата година, пријавениот на свој пријател, кој работел како ноќен чувар во кафе-бар, му дал банкнота од 100 американски долари за да ја размени за денари. Со образложение дека имал долари што сакал да ги размени, бидејќи му требале денари да ја плати сметката во друг угостителски објект, пријавениот на својот пријател му ја дал банкнота од 100 американски долари за што од него добил 3.000 денари и ветување дека наредниот ден ќе му исплател уште 1.900 денари.

Неколку минути потоа, оштетениот се посомневал дека банкнотата што му ја дал пријавениот е сомнителна и набргу забележал дека таа нема сериски број и е со натпис „souvenir production“.

Од полициски службеници, со потврда, банкнотата е одземена од оштетениот и е испратена за вештачење до Народната банка на Република Македонија, од каде е добиена експертиза за фалсификат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...