fbpx

Пијанистот Погорелиќ ја воодушеви публиката во Охрид

-

Со бура од воодушевување беше испратен и синоќешниот, втор концерт на „Охридско лето“ на генијот на пијаното, Иво Погорелиќ во „Света Софија“. Музичката критика и познавачите, заедно со публиката, не штедеа зборови од пофалби и од благодарност.

– Огромно е задоволството што вечерва бевме сведоци на еден извонреден музички настан, концертот на пијанистот Иво Погорелиќ. Тоа беше извонредно доживување првенствено поради неговото високо мајсторство и специфичниот индивидуален пристап кон музичките дела – вели пијанистот и професор, Тодор Светиев.

Македонскиот виртуоз на гитара, Влатко Стефановски, по завршувањето на концертот изјави дека е особено среќен што првпат го слуша Погорелиќ во живо.

– Одамна ја имав таа желба да го видам во живо. Фасцинантна физичка, ментална и духовна сила. Јас не сум стручњак за оваа литература, ниту за Шопен, ниту за Рахмањинов, но до мене доаѓаше една страшна сила, една огромна енергија која навистина е тешко да се опише – рече Стефановски.

Српскиот музиколог од Факултетот за музичка уметност во Белград,  Стефан Цветковиќ, кој специјално за настапот на Погорелиќ допатува во Охрид, оцени дека синоќешниот концерт беше фантастичен.

– Маестро Погорелиќ преку своите циклуси во својата кариера се враќа со исти дела, но секогаш се враќа на различен начин и тие дела секогаш ги надградува со нови знаења и искуства и на тој начин неговите интерпретации се секогаш подлабоки, и мисловно и емоционално. Сметам дека охридската публика имаше исклучителна можност да слушне зрела интерпретација на делата кои се втемелени во европската историја на музиката. Специјално дојдов за неговиот концерт зашто маестро Погорелиќ ретко музицира во регионот и секој негов настан е сензација сама по себе – оцени музикологот Цветковиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...