Прилепската полиција поднела известување против М. М. (56) од Прилеп поради кривично дело мачење животни.

Според соопштението од МВР, во средата околу 11 часот, на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, пријавениот кој бил во пијана состојба дошол со куче, кое потоа го избоил со црвена боја за чевли.

Случајот в полиција го пријавил граѓанин на Прилеп.