Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески, ја освои наградата за најдобар филм во меѓународната селекција на фестивалот во Санта Барбара, Калифорнија, една од најзначајните смотри на независен авторски филм во САД.

Ова е трета фестивалска награда за „Исцелител“, по признанието од публиката во Солун, и онаа за најдобро сценарио на Фестивалот на медитерански филм во Брисел.