fbpx

Петровска: Пристигна ново барање за воена помош за Украина, се разгледува во Генералштабот

Aрмискиот полигон „Криволак“ од 22 мај до 2 јуни ќе биде домаќин на вежбата „Брз одговор 23“, која ја организира Армијата на САД за Европа и Африка, а на која во нашата земја учество ќе земат околу 1.850 припадници на вооружените сили на 5 земји: 4 сојузници – Северна Македонија, САД, Албанија и Црна Гора и една партнерска земја – Косово

-

Од Украина е пристигнато ново барање за воена помош од земјава, и во моментов се разгледува во Генералштабот на АРМ, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарските прашања по завршувањето на брифингот за големата воена вежба на полигонот Криволак, што ќе почне следната седмица.

„Минатата недела, мислам, пристигнато е ново барање, се разбира тоа е класифицирано од украинската страна се разгледува во Генералштабот на армијата, дали можеме и во која мера да одговориме и ако добиеме позитивно мислење се разбира соодветно ќе ја известиме јавноста доколку Владата донесе дополнителна одлука. Сега во моментов, како што напоменав, се прави анализа, а се разбира ние сме отворени сè додека има потреба од поддршка Република Северна Македонија, да пружи поддршка“, рече Петровска.

Како што најави министерката, армискиот полигон „Криволак“ од 22 мај до 2 јуни ќе биде домаќин на вежбата „Брз одговор 23“, која ја организираат нашите американски сојузници, поточно Армијата на САД за Европа и Африка, а на која во нашата земја учество ќе земат околу 1.850 припадници на вооружените сили на 5 земји: 4 сојузници – Северна Македонија, САД, Албанија и Црна Гора и една партнерска земја – Косово.

Министерката за одбрана порача дека како домаќин на оваа вежба, Северна Македонија покажува дека е кредибилен сојузник и дека армискиот полигон „Криволак“ повторно покажува дека е полигон на кој можат да се организираат големи и комплексни вежби.

„За нас како земја е исклучително важно што повторно ќе покажеме дека нашиот најголем армиски капацитет односно полигонот ‘Криволак’ ќе се користи и понатаму за изведување на големи и комплексни вежби на нашата територија и дека ние имаме способност како земја домаќин да вложуваме и понатаму во развојот на интероперабилноста. Затоа и всушност продолжуваме со развојот и вложувањата и во армискиот полигон“, рече министерката.

Додаде дека, како и изминатите неколку години, и за оваа вежба заедно со универзитетската лабораторија АМБИКОН на штипскиот универзитет организиран е мониторинг на влијанието на вежбовните активности врз животната средина. Мерењата на претходните вежби покажаа дека вежбовните активности немаат негативно влијание на животната средина, нагласува Министерството за одбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...