fbpx

Бесплатен пензионерски викенд во Охрид

-

Околу 240 пензионери од земјава од престојниот викенд ќе престојуваат во Охрид, во рамките на проектот на Владата за бесплатен туристички викенд. Сместувањето е договорено во хотелите „Дипломат“, „Амбасадор“ и „Далјан“.

Втората група пензионери на охридското крајбрежје ќе престојуваат од 27 до 29 март, а третата ќе го искористи бесплатниот викенд од 3 до 4 април.

Со проектот „Бесплатен викенд за пензионерите“ се опфатени околу 3.000 лица кои се корисници на старосна, инвалидска или семејна пензија. За нив бесплатно се обезбедени два полни пансиони и автобуски превоз до Охрид, како и до Дојран и до Отешево.

Приоритет е даден на пензионерите што имаат понизок износ на пензии, лицата кои се подолго време во пензија, пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ и на пензионерите кои се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност, односно повеќе од 80 отсто, лицата корисници на право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност и додаток за слепило.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...