fbpx

ПЕИ ја потпиша платформата за демократска Македонија

-

Платформата за демократска Македонија на СДСМ и на коалициските партнери денеска ја потпиша и Партијата за европска иднина на Фијат Цаноски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по потпишувањето на платформата рече дека очекува таа да се зголемува.

„Ја користам можноста заедно да повикаме да ни се приклучат сите слободоумни граѓани, сите демократи во ова наше општество. Бидејќи веќе не се работи за лични интереси, не се работи за партии и за поединци, се работи за Македонија и за нејзината иднина. Принципите ќе ги спомнам уште еднаш: регуларни, фер и демократски избори, враќање на правдата и на правичноста во Република Македонија, реофрми во медиумите, деполитизација и демократизација на институциите и застанување зад сите универзални и европски вредности што ги заслужуваат сите граѓани во Република Македонија“, рече Заев.

Заев информираше дека ја поканиле ПЕИ и за коалициско здружување.

Лидерот на ПЕИ рече дека со задоволство ја потпишале платформата и дека заедно ќе се борат за Македонија да добие фер и демократски избори.

„Ние и претходно како партија сме биле во коалиција со СДСМ, во 2011 година. Природно беше да дојде поканата и природно е ние да коалицираме на наредните избори, кога и да се случат. Наше задоволство е да бидеме заедно, со единствена цел, само Македонија да добие фер и демократски избори“, рече Цаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...