fbpx

Патиштата низ Македонија се проодни

-

Од кризниот штаб информираат дека патните правци низ земјава се расчистени. Охрид и Струга добија електрична енергија.

Единствено проблем има кај селото Коларе каде имало застој на возила, а за кратко време комплетно прооден ќе бил и патниот правец кај Пресека.

Од МЕПСО, пак, информираат дека по направените натчовечки напори, саниран е дефектот на високонапонската мрежа.

Утрово министерот за транспорт и врски го свика повторно кризниот штаб при што информираше дека за ставање под контрола на состојбата ќе се вклучат сите надлежни институции, а подготвена е и Армијата да интервенира.
Јанакиески апелираше до сите што имаат потреба од помош да се јават на бесплатниот број 195. Црвениот крст на Македонија, пак, има подготвено 500 пакети за испорака на лицата кои немаат редовно снабдување со храна и со лекови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...