Либералната партија на премиерот Марк Руте освоила најмногу места на парламентарните избори што денеска се одржаа во Холандија, јавуваат светските медиуми.
Крајно десничарската партија на Герт Вилдерс е на второ место по број на освоени гласови, покажуваат анкетите по излегувањето на избирачите.
Според анкетите, партијата на Руте освоила 31 од 150 места во парламентот, а партијата на Вилдерс би требало да има 19 пратеници.
Анкетата била спроведена во 43 од 9.300 избирачки места.
Резултатите од овие парламентарни избори со нетрпение се очекуваат во Европа поради тоа што тие би можеле да бидат индикатор за силата на крајната десница пред изборите во Франција и во Германија, кои треба да се одржат во текот на годинава.