Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретнал со претставници на парламентарната комисија за избори, имунитет и за деловничко уредување на германскиот Бундестаг, кои престојуваат во дводневна работна посета на Македонија.
На средбата со германските пратеници, како што информираат од МНР, било разговарано за актуелните внатрешно-политички состојби во Македонија, економските врски помеѓу двете земји, како и за соработката во процесите на интегрирање на нашата земја во европското семејство.
„Потребна е зголемена извесност за интегрирање во ЕУ ако сакаме мир и стабилност, и во регионот и во ЕУ“, истакнал Попоски.
Од пратениците била изразена благодарност за клучната улога што Македонија ја имаше во менаџирањето на мигрантската криза и во спречувањето на илегалната миграција.