fbpx

Паралелки со помалку првачиња во Штип

-

Дури три од четирите централни основни училишта во Штип бараат да им се овозможи формирање паралелки во прво одделение со помал број ученици од законски утврдениот – 24.

Паралелките со првачиња би биле со 18-19 ученици.  Од септември во штипските училишта ќе учат 30 првачиња помалку од лани. Во изминатите неколку години единствено ОУ „Ванчо Прке“, кое се наоѓа во централното градско подрачје, оформуваше паралелки со помал број ученици. Од септември таму ќе учат 112 првчиња во шест паралелки. Само десет првачиња се запишани во училиштето во старото јазгро на Штип, Ново Село.

Првпат оваа година паралелки со помал број првачиња ќе оформи училиштите „Славејко Арсов“, кое токму поради природниот прираст во населбата Баби, каде се наоѓа, од подрачно училиште, доби самостоен статус на централно училиште. Во ова училиште се запишани 53 првачиња, во три паралелки.

Ништо поинаку не е и во другите две сновни училишта, „Тошо Арсов“ и „Гоце Делчев“, кои, исто така, бараат општинскиот Совет да им одобри паралелки со помал број ученици.

Значаен пад на запишани ученици има во подрачните училишта, особено во приградските населби. Иако е оддалечена само неколку  километри од градот, во населбата Македонка, во реновираното училиште, во прво одделение ќе учат само пет ученици.  Училиштето во Чардаклија ќе работи за само осум ученици од прво до петто одделение, во една комбинирана паралелка.

Директорите на училиштата стравуваат дека догодина ќе биде уште полошо со уписите во прво одделение. Од Штип заминуваат млади семејства со предшколски деца, во надеж дека во некоја од странските земји ќе можат да го почнат образованието. За точниот број на иселени семејства засега никој не може да потврди, меѓутоа бројката на запишани првачиња, но и на испишани ученици од погорните класови, според училиштата, е доволно илустративна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...