fbpx

Османи: В година историски најголем буџет за дипломатијата

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција го претстави Буџетот на министерството за надворешни работи за 2022 година за кој како што рече, преставува историски најголемиот буџет на МНР. Според него, има зголемувањето од 28 отсто во однос на 2021 година.

„Отсекогаш надворешната политика била притисната меѓу потребата за силна, современа и професионална дипломатија од една страна, и економската состојба и со тоа буџетските приоритети на државата од друга страна. Буџетот на МНР за 2022 година е предвиден на една милијарда и шестотини и педесет милиони денари, или околу 27 милиони евра; што преставува зголемување од нешто над 360 милиони денари, или околу шест милиони евра“, истакна Османи.

Според него, средствата ќе бидат наменети за издатоците поврзани со пополнување на сите испразнети амбасадорски места, доекипирање на амбасадите и конзулатите со дополнителен дипломатски кадар, а и издатоците за економските советници во амбасадите, но и зајакнување на кадарот за комуникација со дијаспората.

Покрај редовната дипломатска активност, во следната 2022 година Република Северна Македонија ги започнува и обврските поврзани со претседавањето со ОБСЕ во 2023 година; процес кој суштински трае три години, почнувајќи за нешто повеќе од еден месец, на 1 јануари следната година. За оваа намена во буџетот за 2022 година предвидени се околу 110 милиони денари, или без малку 1,8 милиони евра. Соодветно на преземените обврски за претседавањето со ОБСЕ, во 2022 година предвидено е да се упатат над 15 лица во мисијата во Виена, кои ќе работат и на нашата улога во рамките на претседавачкото трио, но и ќе се подготват за финалното преземање на претседателството со ОБСЕ во 2023 година.

„Само да напоменам дека за самото претседавање во 2023 година, дополнително уште од сега се мапирани нови осум милиони евра, но тоа е ставка која ќе биде дел од буџетот за 2023 година“, дополни Османи.

Во зголемувањето на буџетот влегува и преземената обврска согласно одлуката на Владата која одобри повеќегодишните буџетски средства во висина до пет милиони евра за реализација на активности на повеќе дипломатски и конзуларни имоти. Се работи за имотите во: Цирих, Атина, Канбера, Будимпешта, Бразилија и Анкара, токму онаму каде што е утврдено дека поради неопходната потреба од реконструкции, реновирања и потребни адаптации, веќе подолго време нашите имоти не се користат за потребите на дипломатско конзуларната мрежа. Реализацијата на овие капитални инвестиции понатаму ќе обезбеди заштеди на годишните трошоци кои сега се одвојуваат за наемнини и други редовни трошоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.