fbpx

Османи-Тигањ: Очекуваме Хрватска да го задржи процесот на проширување високо на агендата на ЕУ

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со новата амбасадорка на Република Хрватска во земјава, Нивес Тигањ. Денешната средба се остварува непосредно по вчерашното преземање на Претседателството со Советот на ЕУ од страна на Хрватска која ќе претседава во наредните шест месеци.

„Навистина клучен период во кој ја преземате функцијата, за кој се надевам дека ќе можеме да го одбележиме и како историски за нашите две земји, особено за нашите европски интеграции. Очекувањата се навистина големи, и ние сме свесни дека Хрватска ќе ги вложи сите напори за да го задржи процесот на проширување високо на агендата на ЕУ, како дел од севкупната поддршка кон регионот, што е веќе потврдено со најавениот мајски самит на ЕУ тематски посветен на Западниот Балкан“, изјави Османи.

За време на средбата соговорниците ја реафирмираа взаемната поддршка и пријателските односи меѓу двете земји, за кои изразија уверување дека ќе продолжат позитивно да се развиваат и во иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...