fbpx

Општина Гостивар ќе добие модерна пешачка патека по течението на Вардар

-

Почна изградбата на пешачката патека во Гостивар по течението на реката Вардар. Патеката од малиот мост на Вардар, па сè до изворот во село Вруток е во должина од 10 километри, а широка е два метри.

– Оваа патека се гради по барање на граѓаните, каде гостиварци ќе може секојдневно да се рекреираат и да се релаксираат – изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта.

Според најавите, патеката, која се финансира од ИПА-фондовите на Европската унија, како дел од проектот за прекугранична соработка со косовската општина Драгаш, треба да биде целосно изградена за околу три месеци.

Општина Гостивар само минатата година, преку меѓународни фондови, има обезбедено средства за реализација на 40 проекти, чија вредност достигнува и до 10 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...