fbpx

ОН: Сирија и ИД користат хемиско оружје

-

Едногодишната истрага на Обединетите нации и Организацијата за забрана на хемиски оружја (ОПЦВ) спроведена во Сирија покажа дека сириските владини воени сили двапати употребиле отровен гас, а Исламската држава барем во еден напад употребила иперит.

Во извештајот се посочува дека постојат доволно докази дека сириското воздухопловство на 21 април 2014 година врз селото Талменес во покраината Идлиб, како и на 16 март 2015 врз градот Сармин, испукале проектили кои содржеле отровни материи. Западните медиуми наведуваат дека во двата случаи е употребен хлор.

Организациите, исто така, утврдиле дека само Исламска држава има единствена можност, способност, мотив и средства да користи сулфурен иперит во градот Мареa.

Советот за безбедност при ОН едногласно го усвои извештајот за истрагата на ОН и на ОПЦВ. Со истрагата биле опфатени девет случаи на напад, но за шест од нив нема заклучок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...