fbpx

Вештак под истрага на ОЈО за примање мито од 3.000 евра

-

Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО) донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно вешто лице со лиценца за вршење вештачења од областа на финансиското работење, поради сомневање дека примило поткуп, кривично дело од чл. 357 од Кривичниот законик, информираа од ОЈО.

Како што пишува во соопштението на обвинителството, вештото лице побарало и примило поткуп во износ од 3.000 евра за при вештачење да прикаже десеткратно помал износ на прикриен данок.

„До судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор. Судијата со решение на лицето му определи мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање“, соопшти ОЈО, нагласувајќи дека на оваа одлука поднело жалба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Весна Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Јетон Шаќири

Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност во Македонија, преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни,...