fbpx

(ФОТО) Охрид на декемвриски плус 15

-

Убавото време, со температура невообичаена за овој период од годината, до 15. Целзиусов степен, измами денеска многумина охриѓани на пријатна крајезерска прошетка. Живнаа и терасите од рестораните и кафулињата, што е само дополнителна провокација за новогодишните гости, кои планираат овде да го минат празничниот викенд.

На убавините што ги создава мирната езерска шир, со мноштвото галеби и со групата прекрасни лебеди, се насладуваа и мал број гости од земјата и од светот.

Последните дождови малку ја поправија и хидролошката слика. Нивото на водата во Охридско Езеро, испразнето во летните месеци, во моментов е на само неколку сантиметри над нултата позиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...