вторник, 16 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: езеро | 27 резултати

Реализирана прва акција за чистење на дното на езерото Матка

мај 21, 2017

Нуркачите на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, нуркачи од Охрид, Кавадарци и Битола успешно реализирале спуштање низ езерото Матка од подводната пештера Врело се до местото викано Широко езеро (на половина од браната до пештерите) со цел на лоцирање и означување на подводен одпад, и негово понатамошно отстранување. Акцијата ја реализирале нуркачи кои биле помогнати […]

Аларм од албанска страна: Водата во Охридско Езеро е повлечена за околу 40 метри

февруари 8, 2017

Нивото на водата во Охридско Езеро неколку недели е под минималната кота, односно 23 сантиметри под нивото дозволено од страна на УНЕСКО, предупредува експертот по животна средина од Поградец и порашен претставник на Албанија во заедничкиот Билатерален комитет за заштита на Охридското Езеро, Аријан Мероли. Како што пренесува порталот „Охрид прес“, во најниските крајбрежни подрачја, на потегот […]

СДСМ: Осломеј откажа, го празнат и Тиквешко Езеро

февруари 7, 2017

Раководството на ЕЛЕМ поврзано со криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, освен природното Охридско Eзеро, го празни и Тиквешкото Езеро преку хидроелектраната Тиквеш, велат од СДСМ. Тие додаваат дека „несовесните власти на АД ЕЛЕМ посегнаа по максимално искористување на езерските води, во паниката дека скапиот увоз на струја зазема огромни размери во милиони евра за што ќе […]

Експертите предупредуваат на штетноста од нискиот водостој на Охридско Езеро

јануари 29, 2017

Еколозите и експертите предупредуваат на штетните последици од исклучително нискиот водостој на Охридското Езеро, кое е веќе далеку под дозволената минимална граница. Научниот советник и раководител на одделението за краповидни риби во охридскиот Хидробиолошки завод, Трајче Талевски посочува дека нивото на водата во каналот Студенчишта е спуштено на многу критично ниво. – Кај рибата која […]

Пожар во ноќен клуб во Букурешт, 38 повредени

јануари 21, 2017

Во пожар кој ноќеска избувнал во ноќен клуб во Букурешт, повредени се 38 лица, од кои едно потешко. Како што јавуваат светските агенции, пожарот избувнал околу 4 часот, според средноевропско време, во популарниот ноќен клуб „Бамбу“, кој изгорел до темел. Повеќе лица имале труење со јаглерод моноксид, а дел се повредени откако, бегајќи од пламенот, […]

На патот кон гостиварско Куново има половина метар снег, селото е отсечено

јануари 11, 2017

Гостиварско Куново е отсечено од градот бидејќи на патот кој води до нивното село има 50 сантиметри снег. Жителите велат дека се обратиле до сите институции надлежни за расчистување на патиштата, но не добиле позитивен одговор. – Дваесетина жители во ова село се целосно отсечени од Гостивар, патот е прооден само за движење пеш или со […]

Во Словенија е регистриран прв случај на вирусот птичји грип

јануари 4, 2017

Во местото Прагерско на североистокот на Словенија, потврден е прв случај на птичји грип во таа држава. Во соопштението на словенечкото министерство за земјоделство се наведува дека со птичји грип биле заразени лебеди кои биле угинати и извлечени од езерото кај Прагерско, на 25 километри од Марибор. Словенечките медиуми јавуваат дека се работи за прв […]

Скутерите и чамците по езерата од утре со ограничена пловидба

јуни 30, 2016

Oграничувањето на пловидбата на скутери и на чамци по водите на природните езера во Македонија, почнува да важи од утре. Забраната за движење на скутерите важи за Охридското, Преспанското и за Дојранското Езеро во периодот од 11 до 19 часот, до 31 август. Чамците, пак, не смеат да пловат од 21 до 5 часот. Ограничувањата за пловидба на […]

Единаесет лица загинаа во невреме во Русија

јуни 19, 2016

Единаесет лица загинаа, од кои 10 се деца, во несреќа на езерото Карелија во рускиот Пријажинскиот Регион, соопшти руската полиција. Спасувачките екипи успеале да спасат 11 лица, а се трага по уште четворица туристи. Руските медиуми јавуваат дека силна бура го зафатила северозападното езеро, при што погодени биле 49 туристи. Туристите, меѓу кои имало деца […]

Во судир на два брода на езеро во Конго загинаа 27 лица

јуни 12, 2016

Најмалку 27 лица загинаа кога брод се преврти по судир со друг брод на езерото Маиндомбе во Конго. Двата брода пловеле во спротивна насока, но биле пренасочени од вообичаената рута за да ја избегнат маглата, што довело до судирот, соопшти заменикот гувернер на Маиндомбе, Масамба Малика. Тој изјави дека телата на починатите сè уште се наоѓаат […]

„Охрид СОС“: За Галичица се расправа празнично и зад грбот на јавноста

декември 31, 2015

Терминот за јавна расправа на предлог-измените на планот за управување со националниот парк Галичица за период 2011-2020 година, 4 јануари, е спорен за граѓанската иницијатива „Охрид СОС“. Забележуваат дека не е ниту во согласност со сите постоечки домашни и меѓународни прописи за уредно консултирање на јавноста кога станува збор за добра од јавен интерес. – На […]

Струшкиот градоначалник го обвини владејачкото мнозинство за соработка со мафијата

декември 28, 2015

Градоначалникот на Струга, Зиjадин Села, на прес-конференција изјави дека со донесувањето на предлог-законот за дополнување на законот за градежно земјиште, а кој се однесува на плажите, се штити урбаната мафија. Села ги обвини пратениците од владејачкото мнозинство и институциите за соработка со мафијата. – Имајќи предвид што предвидува, овој закон треба да гласи „закон за […]

Охрид и годинава ќе добие новогодишна елка под вода

декември 26, 2015

Покрај таа на градскиот плоштад Свети Климент Охридски, елка ќе биде поставена и во водите на Охридско Езеро. Станува збор за традиција долга 14 години, што ја почнаа инструкторот Милутин Секуловски и нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ . Во оваа атрактивна активност се вклучени и Клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на […]

На Охридско Езеро му е потребна интегрална заштита

октомври 2, 2015

На Охридско Езеро му е потребна  интегрална заштита, што претпоставува воспоставување заеднички систем за заштита и од македонска и од албанска страна. Ова беше единствен заклучок од  денешниот работен состанок што во Охрид се одржа во рамките на Проектот за интегрална заштита на културното и на природното наследство на Охридскиот регион поддржан од ЕУ и […]

Пливачите – маратонци апелираат за заштитата на Охридското Езеро

август 28, 2015

Во пресрет на утрешниот пливачки маратон, невладината асоцијација „Охрид – СОС“, укажа на потребата од поголема грижа за заштита на Охридското езеро, анимирајќи дел од професионалните пливачи да се јават со поддршка. Од „Охрид – СОС“, преку допис до медиумите, укажаа на опасноста што му се заканува на езерото и поширокиот еко-систем доколу се реализираат […]

Се удави момче во Дојранско Езеро

август 7, 2015

Александар В. (29) од Пехчево, попладнево бил пријавен за исчезнат, но подоцна бил пронајден удавен во Дојранско Езеро. Според првичните информации од полицијата, тој возејќи се со педалинка со уште две лица, паднал во водите на езерото и се удавил. Во тек е полициски увид за несреќата.

Сакал да снима езерски риби, а начекал пијавици

април 29, 2015

На видеосервисот „Јутјуб“ пред неколку дена се појави снимка која згрози многумина, особено оние кои неверојатно се плашат од пијавици. Снимателот сакал да сними риби, но непријатно се изненадил. Снимката во Грин Беј, Висконсин, ја направил Соломон Дејвид. Тој ја поставил камерата под вода за да сними риби, но се шокирал кога видел дека пијавици ја […]

Студенчишко блато – нераскинлив дел од Охридско Езеро

февруари 9, 2015

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, организираше јавна расправа и увид на извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за неколку урбани заедници. Учествуваа научни работници и еколози, меѓу кои и изработувачи на студијата. Расправата, главно, беше сконцентриирана на влијанието врз Студенчишко блато. – Причината за која се организираат јавните расправи, е да се соберат […]

Комуналците го „засолија” Охридско Езеро

јануари 5, 2015

Вработените и механизацијата од „Охридски комуналец“, дури изминатиот викенд, по една недела, откако ги оставија охриѓани и бројните гостите да се снаоѓаат како знаат и умеат по градскиот кеј, се фатија за работа. И тоа преку ден, точно напладне, кога имаше најголема фреквенција на гости во овој дел на градот, со камион го чистеа снегот […]

Езерото Мантово порибено со 2.200 парчиња крап

декември 17, 2014

Со 2.200 млади примероци на крап, Риболовното друштво од Радовиш го пориби езерото Мантово. Веќе втора година риболовците го спроведуваат проектот „Од нас – за нас … Да го вратиме крапот во Мантово“. Во следната фаза на проектот ќе се порибуваат реките Плаваја и Сирава, кои се со ослабнат рибен фонд. Реките ќе биде порибени […]

Страна 1 од 2