fbpx

Одложени изборите во Донбас

-

Властите во источните украински самопрогласени републики, Донецк и Луганск, денеска соопштија дека се одлучиле да го одложат одржувањето на локалните избори за следната година.

„Сумирајќи, објавуваме дека народните републики, Донецк и Луганск се сложиле да ги одложат до следната година изборите што беа закажани за 18 октомври и за 1 ноември“, се наведува во соопштението.
Одлуката следи по самитот во Париз на 2 октомври, на кој учествуваа лидерите на Франција, Германија, Русија и на Украина.

Лидерите на бунтовниците изјавиле дека нема да одржат избори додека Украина целосно не ги примени „политичките делови“ од мировниот договор од Минск, потпишан во февруари годинава.

Украинските претставници и неколку западни земји ја осудија претходната најава на бунтовниците за одржување избори надвор од украинската јуриздикција, истакнувајќи дека тоа би било целосно кршење на договорот од Минск.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја поздрави одлуката на властите во Донбас да го одложат одржувањето на локалните избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски...