fbpx

Одложена комисиската расправа за извештајот на СЈО

-

Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Влатко Ѓорчев, го откажа продолжението на седницата поради неприсуство на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Ѓорчев рече дека од Јанева не добил известување дека нема да присуствува на седницата, која ја одложи за утре, бидејќи, како што кажа, немало деловнички услови за одржување.

Јанева во понеделникот ја напушти собраниската комисија и ги обвини пратениците дека ѝ вршат мобинг.

Обвинителката Ленче Ристоска на денешната прес-конференција на СЈО рече дека специјалната обвинителка Јанева нема да присуствува на седници на собраниската комисија, туку ќе се појави во Собранието на пленарна седница кога таа ќе биде закажана.

Јанева во моментов е во Советот на јавни обвинители, каде што го презентира вториот шестмесечен извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...