fbpx

Швајцарскиот Долен дом на парламентот усвои забрана за носење бурка

-

Долниот дом на швајцарскиот парламент со тесно мнозинство го усвои законот кој забранува носење бурка, но за тоа прашање најверојатно на крај ќе се одлучува на референдум.

Нацрт-законот, кој го предложи пратеникот Валтер Вобман од популистичката десничарка Народна партија на Швајцарија, е усвоен е со 88 гласа „за“ и со 87 гласа „против“.

Законот е речиси идентичен со тој што го усвои кантонот Тицино, кој стапи на сили на 1 јули и кој предвидува казни од 100 до 10.000 швајцарски франци за носење вел преку целото лице.

Сепак, дел од швајцарските медиуми оценуваат дека вчерашното гласање би можело да биде симболично, затоа што се очекува граѓаните да се изјаснат за спроведување на законот на референдум.

Веќе е поведена иницијатива за собирање 100.000 потписи, потребни за референдум.

Според анкетите, швајцарските гласачи во голема мера се за забрана на бурката, но до референдумот може да минат уште две години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...