fbpx

Како „Финзи“ преку опремата за прислушување го оштетила буџетот

-

Специјалното јавно обвинителство на прес-конференција ја презентираше новата истрага наречена „Трезор“, која се однесува на економски криминал.

Како што појасни обвинителката Фатиме Фетаи, постојат основани сомнежи за три раководни лица од Управата за безбедност и контратразузнавање и за едно лице од МВР. Во истражната постапка, според Фетаи, било утврдено дека четрвтоосомничениот вработен во МВР им помогнал на првите тројца осомничени, раководни лица од УБК, да ѝ овозможат на компанијата „Финзи“, со која управувал сега починатиот Коста Крпач, да оствари имотна корист во вредност од 862.045 евра.

Оваа компанија, всушност, посредувала во набавката на електронска и комуникациска опрема меѓу Министерство за внатрешни работи и компанија во Велика Британија, чие име во предистражната постапка не се открива.

Наместо набавките на опремата да одат директно меѓу МВР и компанијата од Велика Британија, „Финзи“ посредувала во набавките и при фактурирање кон МВР ја зголемувала набавната цена на опремата, па со нејзино продавање по повисока цена од набавната го оштетила буџетот на РМ.

sjo14
Графички приказ на патот на парите меѓу „Финзи“, МВР и компанија од Велика Британија

Но, како оделе набавките?

Во периодот од јули 2010 година до крајот на 2012 година, првите три осомничени лица ја искористите службената положба и овластувања и за компанијата „Финзи“ прибавиле имотна вредност во вкупно од 35.488.294 денари или 577.045 евра.

За четвртоосомничениот постои основан сомнеж дека како службено лице со умисла им помогнал на осомничените во реализацијата.

– Првите тројца осомничени за да набават опрема за потребите на МВР и на УБК, на 7 јули 2010 се сретнале со претставници на компанија од Велика Британија и договориле набавка на електронска и на комуникациска опрема за потребите на петтата управа. Но, наместо опремата да биде набавена директно од компанијата од Велика Британија, како најевтин начин на набавка, истата требала да се набави од „Финзи“ – изјави јавната обвинителка Фатиме Фетаи.

Кога биле дефинирани начинот, условите и цената на набавка на орпемата, првите двајца осомничени по враќањето во Македонија му наложиле на сведокот, кој е вработен во МВР, да почне со постапка за набавка на опремата од компанијата „Финзи“ без да се спроведе тендер.

finzi
Графички приказ на времето и сумите на склучените договори

Компанијата „Финзи“ потоа доставила понуда за набавка до МВР, по што бил изготвен договор за купопродажба меѓу МВР и „Финзи“ и на 26 ноември 2010 година склучен е договорот за купопродажба со вкупна вредност од  124.293.233 денари со ДДВ.

– Според доказите, „Финзи“ извршила увоз на опремата од правното лице од Велика Британија со вкупен износ од 89.322.845 денари или 1.452.403 евра, а истата опрема „Финзи“ ја префактурирала спрема МВР за вкупен износ од 124.293.233 денари со ДДВ или 2.021.028 евра. Од ова произлегува основано сомневање дека била прибавена имотна корист која надминува значителна сума од 22.265.449 денари или 362.039 евра. Ова е разлика меѓу набавната цена на опремата и цената што е фактурирана кон МВР – додаде обвинителката Фетаи.

Во 2011 година биле склучени два анекси на главниот договор, меѓу другото и за одржување на опремата која, главно, била нефункционална, во вредност од 30.000 евра месечно. Оваа опрема, книговодствено во МВР била заведена со вредност од еден денар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...