Од вечерва почнува МакеДокс бесплатно „Кино на отворено“ во Кисела Вода

Фото: Македокс

Од вечерва, со почеток во 21 часот, па до 14 август, во партнерство со МакеДокс, пред Домот на Култура „Билјана Беличанец” ќе се одвива „Кино на отворено“.

Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност бесплатно да ги гледаат филмските проекции на документарните филмови од програмата на МакеДокс, меѓу кои се: Cinema Komunisto во режија на Мира Турајлиќ, Grand mothers of Revolution, Mother Europe во режија на Петра Селишкар, краткометражниот филм „Другарот“ во режија на Димитар Оровчанец и „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески.

Од Општина Кисела Вода најавија дека во склоп на програмата ќе следат и други изненадувања.

.