Од ултрапопуларна игра, на Диабло 4 популарноста наеднаш ѝ опадна

Некои луѓе почнаа да користат пропусти во играта како размена на злато од нивните обични ликови (Eternal Realm Characters), до нивните сезонски ликови (Seasonal Character)

Лилит Диабло 4 скриншот од Близард
Лилит Диабло 4 скриншот од Близард

Играта Диабло 4 ја доживеа судбината на Лост арк (Лost Ark), oдносно на почетокот беше многу популарна, а потоа популарноста наеднаш ѝ опадна. Ова се должи на разочараноста на играчите кои велат дека крајот на играта е сличен со Диабло 3, односно целата игра се сведуваше на постојано создавање зандани. Но, кога дојде сезона 1 на играта Диабло 4, наместо да им понуди нови предизвици и повеќе приказна на играчите, нејзините создавачи не успеале во таа задача.

Сезоната 1 не понуди добра приказна, туку само мал број на мисии за главна приказна и новитети со „малигните срца”. Имаше и проблеми и со батлпасот (пропусница што се плаќа за да продолжите да играте на следното ниво), кои не беа за потценување. Батлпасот не обезбедува доволно платинум да се купи ниту еден предмет или оружје од онлајн продавницата, дури и ако целиот се заврши до крај, а тоа бара многу труд. 

Покрај тоа, бонусите што ги нуди со пепел кој тлее, се плус процент бонуси, иако не го зголемуваат искуството или добивката на злато за тој процент. На пример, ако ја имате отклучено најтешката Тиер 4 Тормент (Tier 4 Torment) имате плус 200 проценти искуство од мисии и чудовишта, а од пропусницата што се плаќа за да продолжите да играте на следното ниво, можете максимум да добиете бонус плус 8 проценти, што е вкупно 208 отсто искуство, нешто што не менува многу ниту на последните ниту на напредувачките нивоа. Исто е и за добивките на злато и другите можни бонуси за еликсири. 

Покрај сето ова, некои луѓе почнаа да користат пропусти во играта како размена на злато од нивните обични ликови (Eternal Realm Characters), до нивните сезонски ликови (Seasonal Character). Тоа им даде огромна предност, па повеќето луѓе на обичните ликови имаат и онака премногу злато и затоа овој пропуст беше наречен „бесконечен пропуст на злато“.

За ова може да видите и демонстративно видео, но со предупредување дека 100 отсто ќе ви го забранат корисничкото име. На многу луѓе им беа забранети корисничките имиња поради други пропусти во играта, каде што обичните ликови користат малигни срца, префрлени од сезонските ликови, и тоа во слотови што не би требало да ги примат. 

Во Диабло 4 е лесно да се провери каква опрема имаат ликовите и да се пријават ако прават ваков пропуст. Тоа ја расипува играта и им го омаловажува трудот на другите што играат фер. Има и можност да не може никој да ви направи увид во ликот, но таа е ставена поради приватност, а не да се скрие мамење во играта. 

Во вторник ќе има нова поправка на играта Диабло 4, за кој веќе има Patch Notes каде што пишува што сè ќе биде променето. Покрај поправањата на безбедноста за анти-пропустите, доаѓа промена што повторно ќе ја направи играта малку потешка односно сите главни (освен главните во главната приказна) ќе имаат зголемено здравје и ќе биде потребно повеќе време да се победат. 

Некои од аспектите за оружја порано беа со бонус и измена на способноста или вештината. Аспектот зголемува општа моќ, но намалува друга стандардна карактеристика на вештината. Тоа веќе ќе биде балансирано и ќе има само позитивни додатоци. 

Од компанијата „Близард“ објавија оглас за главен дизајнер за сезони во играта, за да се подобри самата игра, по лошите реакции од играчите. Играта е седум години во изработка. Играта е една од најскапите на пазарот, а луѓето што ја купуваат се љубители на квалитетни производи.