Годишната конференција на гејминг гигантот Близард, популарната „Близкон“ (Blizzcon) и годинава изобилуваше со најави за нови продолженијха и експанзии на веќе популарните игри.
Така, најавена се нови експанзии за Ворлд оф воркрафт (World of Warcraft) и Диабло 4 (Diablo 4) како и нови содржини за Овервач 2 (Overwatch 2) и Воркрафт рамбл (Worcraft rumble).
Најновата експанзија за WoW ќе се вика „Војната однатре“ (The War Within) и главната приказна се однесува на суштината на планетата Азерот, која е нападната со голем космички меч што пак им создава визии на одредени ликови во вид на повици за помош.
Новина ќе бидат т.н. „Ворбендс“ (Warbands) каде вашиот главен лик и алтернативни карактери ќе бидат поврзани и ќе ги делат работите што ги имаат собрано. Исто така, нема да биде веќе битно на кој сервер сте за да се приклучите во било која група на играчи, што особено ги радува играчите заглавени со повеќе ликови на ненаселени сервери.
Најважната промена во Диабло 4 е тоа што ќе има подобра верзија на менаџирање на инвентарот. Џемовите (драгите камења) нема веќе да зафаќаат место во вашиот ковчег за чување вредни работи и можат да се претворат во материјали за зајакнување на опремата.
За Овервач 2 беше најавен нов херој за бирање наречен Magua што иронично е „домородец со чејнган“ и други промени за компетитивност што може да ги видите овде.
Повторно беше најавена и Воркрафт Рамбл играта за мобилни телефони за која имаме и најава во претходен напис. Но, ова не покрена голем интерес.
Следниот линк води до комплетниот настан Близкон 2023.